(Видео) Дарко Костовски плукаше по мртов човек: Тврди дека Петре Латиновски работел против него со СДСМ

t

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска плукаше по мртви луѓе за да се извади од сопствената “каша”.

На прашање на Инфомакс дали како советник во општината Бутел во 2015 година го гласал деталниот урбанистички план кој предвидува изградба на седум згради во Бутел, Костовски почна да објаснува дека покојниот градоначалник на општината, Петре Латиновски работел против него во кампањата за локалните избори.

– Покојниот градоначалник имаше еден голем проблем со мене и тоа првпат го кажувам, не го гласав тој план и што е најинтересно јас бев остро пторив тоа и може да се види дека неколку пати тоа беше одложувано на моја иницијатива. Латиновски имаше проблем со мене токму по ова прашање и затоа во минатата кампања работеше против мене со мојот политички противник, со СДСМ, рече Костовски.

Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел. Латиновски функцијата градоначалник ја обавуваше  во три мандати од 2005 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од…

Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа…

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…