Војводи Тетово го одбележаа денот на почетокот на војната: Гледам блага светлица и мајки во црно… Дали нивните синови загинаа залудно?!
Се започна тој 14 Март од Тетовското кале. Од калето пукотници, а на плоштадот собир со извици учк и аплаузи за пукотниците. Оние кои од оваа држава јадат леб придружени од косовски екстремисти со оружје и се заканија на Македонија и Тетово. Започнаа војна за протерување на македонскиот народ и поделба на Македонија, но Македонија имаше храбри синови кои веднаш застанаа во одбрана на Тетово и Македонија.
Многумина од нив беа ранети и останаа инвалиди, а за жал некои и не се вратија назад во своите домови и загинаа. Загинаа за нашата сегашна слобода, за сите наши благодети во кои сега уживаме. Загинаа и ги оставија своите дечиња да пораснат без своите татковци, а дури некои не ни успеаа и да ја дочекаат и видат својата рожба, па сега 21 годинa подоцна и се прашуваме дали вредеше воопшто сето ова нивното жртвување ?
Денес голем дел од нашиот народ, а да не зборуваме и за политичарите како да ги заборавија македонските бранители па затоа и многумина од тие кои останаа живи се прашуваат за што ли се бореле и за што им загинаа нивните колеги, пријатели, другари и браќа.
Сета нивна крв која во 2001 год. се пролеа во Македонија, на Шар Планина и низ тетовскиот регион во изминативе 21 годинa е погазена, а денес станаа и заборавени херои на една двојазична и безимена држава.
Но затоа навивачката група ВОЈВОДИ и сите тетовчани никогаш нема да го заборават 14-ти Март 2001 год. и никогаш нема да ги заборават македонските херои кои ги положија своите животи за Тетово и Македонија !
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКО ТЕТОВО !
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !
СЛАВА ИМ !
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…