И нас така не лажеа – Шаќири со одговор на средношколците: Прашањата од матурскиот испит ќе ви требаат за понатаму

t

Во врска со барањата на матурантите да им се олесни полагањето преку намалување на обемот на материјалот или пак со намалување на интерните испити, министерот Шаќири посочи дека најпрво ќе бидат разгледани законските можности. За наредната недела Шаќири најави и средба со претставици од Државниот испитен центар истакнувајќи дека за него е важно тоа што токму од државната матура зависат натамошните уписните процеси во високообразовните институции.

„Ќе треба да се рзгледа законскиот основ, ќе треба да се разгледа што е предвидено по донесување на законот или организација на држвната матура, што дозволува законот во овој период да се промени, и затоа мислам дека наредната недела ќе реализирам состанок со директорката на државниот испитен центар за уште еднаш да ја известиме јавноста за сите чекори што се преземени до сега и уште еднаш да известиме кои се дел од материјалите и што е предвидено во материјалот и барањето од средношколците да го разгледаме заедно со унијата на средношколци со кои сме во секојдневна комуникација.“ – Јетон Шаќири, Министер за образование и наука.

Инаку вчера дел од матурантите протестираа пред минстерството за образовани СО бараЊЕ да им биде намален материјалот за полагањето на државната матура, поради губењето настава во време на пандемијата, протестот на професорите, проблемите со јавниот превоз но и дојавите за бомби. Сегашното решение предвидува полагање два екстерни, два интерни предмети и проектна задача. Тестот по првиот екстерен испит по мајчин јазик е закажан за 27 мај, додека пак вториот екстерен испит избор меѓу предметите математика, англиски јазик, француски, германски, руски јазик, филозофија или естетика е закажан за на 10 јуни.

Доколку МОН не одговори на нивните барања, матурантите најавија бојкот на државната матура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…