ГРЦИЈА ЈА ПРОГЛАСИ КОРОНАТА ЗА „УМРЕНО“: Јужниот сосед ги укинува ковид мерките
Меѓу мерките што се актуелни во Грција е задолжителната маска во јавниот превоз, такси возилата, аптеките и болниците.
По препорака од надлежната комисија на експерти во Министерството за здравство, Грција ги укинува постоечките мерки за заштита од ковид-19, со исклучок на оние кои важат за болниците и за домовите за стари лица.
– Комисијата на експерти во Министерството за здравство на денешната седница предложи укинување на мерките што се во сила за Ковид-19 со исклучок на јавните и приватните здравствени структури и центрите за нега на стари лица – изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис.
Тој додаде дека сепак потребно е да се заштитат ранливите категории и „затоа се препорачува да се преземат мерки за индивидуална заштита, вакцинација и антивирусен третман за заразените“.
Меѓу мерките што се актуелни во Грција е задолжителната маска во јавниот превоз, такси возилата, аптеките и болниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…