КАТАСТРОФА: ВМРО-ДПМНЕ нема ни 15.000 ажурирани членови? Во Штип нема 1.000 ажурирани!
Катастрофа му се случува на ВМРО-ДПМНЕ поради недовербата и лошите политики на раководството на партијата, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” професорот Оливер Андонов.
– Резултатот од последните ажурирања укажува на катастрофалната доверба кон раководството, не се работи за недоверба конидеолошката основа на ВМРО-ДПМНЕ туку кон раководството. Еден месен комитет нема намерно да спомнам, во неколку наврати кажав дека ова раководство се однесува како кон непријатели кон луѓе што им укажале на грешки.
На пример од еден месен комитет поголем со 1400-1500 членови додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, после сите причини со удари на членството, затварање на луѓе, пред 27 април имаше страшен притисок од сите страни. Се случи да ажурирањето во 2018 година тогаш ВМРО-ДПМНЕ падна на околу 35.000 членови. Денеска во еден таков месен комитет, после петмесечно ажурирање, се сведе на 140-150 ажурирани членови. Тоа е околу 25% од претходно ажурираните во 2018 година.
Од 2017 до 2018 беше голем прогонот и притисокот и природно беше да многу од луѓето биле формални членови. Но после пет години на чело на ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски при ваква катастрофална СДС и власт, ние немаме зголемување туку драстичен пад на членството. И не е трагедијата да е така изолирано, проблемот е во неактивноста. Од тие 150 луѓе, дали 60-тина може да кажеме во таков месен комитет има околу 10.000 гласачи. Буквално не може да се покријат избирачките места, а од тие месни комитети треба да се формира КИМ-ови, треба за ден на избори да покриеш на кутии луѓе да имаш, во избирачки одбори, логистика, контрола на излезноста, а пред денот на гласање тие 21 ден во кампањата кој ќе го покрие тој месен комитет со 60-тина членови.
Треба да се оди од врата на врата, претставување на кандидати, политики и слично, а не сме навлегле во старосната структура, каде е УМС, таа структура не е иработена, нема такви статистички податоци.
Младите се измамени од други политички структури и вина носи сениорската структура која треба да води сметка за подмладокот, еве да кажеме од активните 30% се млади. Логично е.
Причината за ажурирање ја врзувам со излегувањето на фракцијата на 21 февруари, веројатно сакале да не тргнат на страна, така му текнало на некој генјалец.
Ако сме имале околу 39.000 во 2018. ажурирани, и на 40.000 да заокружиме, сега има непони 15.000. Тоа е мала бројка.
Во Штип се реално ажурирани ни 1.000 нема достигнато, со 40.000 избирачи таму, имало и по 7-8.000 членови партијата таму.
Тетово по број на гласови како падна, само од последните до повторените локални околу 2.000 гласа падна ВМРО-ДПМНЕ.
За таа состојба во партијата мора да има причина и виновник, а ние ја знаеме, виновникот е Мицкоски со раководството, а причината лошите политики, објаснува Андонов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…