ДОГОВОРОТ ЗА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ УШТЕ ВАЖИ: Груби вели дека и Ковачевски го потврдил договореното меѓу Заев и Ахмети

t

Ова е проект на Али Ахмети, да се скршат табуата. Дојде времето да се надминат предрасудите со ваквиот избор, изјави вчера вицепремиерот Артан Груби за косовската телевизија Дукаѓини.

Вицепремиерот Артан Груби вчера во изјава за косовската телевизија Дукаѓини го потврди ставот на министерот Бујар Османи дека Македонија ќе има премиер Албанец за неколку месеци. Груби потсети дека тоа било договорено меѓу Али Ахмети и Зоран Заев при формирањето на владата, но и дека истото нешто му го потврдил и актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

– Ковачевски на првата средба пред да биде избран беше и Зоран Заев, и други… на средбата вети дека ќе важи истиот договор што беше постигнат со Ахмети и се ракувавме. Тој рече дека во последните 100 дена, кој и да е, ќе ја напушти функцијата, ќе биде претседател на Собранието, а Албанец ќе биде премиер – изјави Груби.

Според него, Ахмети ќе го предложи името на премиерот Албанец.

– Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и во Тирана, според која е дојдено времето за првиот премиер Албанец. Ова е проект на Али Ахмети, да се скршат табуата. Дојде времето да се надминат предрасудите со ваквиот избор. Одлуката на народот беше: Социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратенички места, ДУИ 15, а заедно имавме 61 пратеник – рече Груби.

Претходно, министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека во регионот има три парламенти водени од Албанци со седници на албански јазик, а дека за неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…