Се огласи мајката на починатиот тинејџер: Институциите сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, така е најлесно – Моја вина е останав тука да го растам

t

Детето е Јован, мојот син, мојјот ангел, момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка не успеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна.

Да се биде родител во оваа “држава” е многу теско, без подршка од “институциите”.

“Институциите” сигурно ке го затворат случајот како самоубиство, така е најлесно. Моја вина е што тоа го дозволив, што останав тука да ги растам и воспитувам моите деца. За каде? за во Бутел, потврди мајката на починатиот тинејџер во коментар на информацијата за случајот објавена на социјалните мрежи.

Претходно професорката Виолета Ачкоска на својот Фејсбук профил објави трогателна вест дека се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. За оваа вест, досега нема никаква реакција ниту информација по медиумите, надлежните и пошироката јавност.

Како што пишува професорката, таа оваа информација ја дознала од учениците кои оделе на самиот погреб. Нејзината објава ја пренесуваме во продолжение:

– Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5- ти спрат и слични самоубиства… Можеби некој знае, но не оваа јавност која се уште е “траурна” од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите., пишува Виолета Ачкоска.

Нејзиниот Фејсбук статус за кратко време предизвика големо внимание, но за ова се уште има молк од наделжните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…