(Фото) ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ РЕАЛИЗИРАШЕ ЕКО-ПРЕДАВАЊА ВО СУГС „АРСЕНИ ЈОВКОВ“

t

ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска одржа еко-предавања за учениците што ја следат наставата на македонски и на албански јазик во Средното економско и правно училиште на градот Скопје „Арсени Јовков“.

Во рамките на еко-предавањата, учениците имаа можност да се запознаат со активностите на Претпријатието и да се едуцираат за придобивките од примарната селекција и правилното постапување со комуналниот отпад.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, заедно со учениците од СУГС „Арсени Јовков“ реализираа и акција за чистење на дворот на училиштето.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје и СУГС „Арсени Јовков“ неодамна потпишаа Меморандум во чиишто рамки се обврзаа за спроведување практични обуки со коишто учениците имаат можност непосредно да го следат целокупниот работен процес во Претпријатието. Денешните едукативни активности претставуваат значаен сегмент од нашата меѓусебна соработка, со цел – подигнување на свеста за правилното постапување со отпадот и заштитата на животната средина кај младата популација.

Воедно, во внатрешните простории на училиштето затекнавме огромно количество кабаст и електронски отпад, којшто ќе биде подигнат и транспортиран од страна на нашите екипи.“-изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…