(Видео) Петровска: Протеравме руски агенти заради мешање во државните политики
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека биле протерани руски државјани поради вмешаност во државните политики. Според Петровска, институциите имале и докази за нивна вмешаност.
-Изминатиов период Владата донесе неколку одлуки со кои што беа протерани руски државјани заради тоа што имаше докази за нивна вмешаност во државни политики односно функционирање на институции, онаму каде не треба да бидат вклучени. Очигледно се дел од агентура, мрежа на функционирање. Институциите преземаа чекори и мерки за да стават јасно до знаење дека знаат за тоа дејствување и дека овдека не е пожелно – рече министерката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…
Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…
Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…
Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…
Во Хрватска, особено во планинските предели на…