Студентите и средношколците најавуваат протести и блокади на булеварите низ главниот град

t

Најавата на министерот за образование Шаќири дека се бара начин да се олесни полагањето на државна матура не ги смири средношколците.

За в петок најавија предупредувачки протест токму пред зградата на ресорното министерство. Оттаму ќе побараат материјалот да се скрати и во најкус рок да се објави што треба да се учи за да можат учениците со време да се подготват. Бараат итна средба со министерот за да ги образложат своите аргументи.

Протестот доби поддршка и од студентите кои реагираа дека со месеци доцни исплатата за студентски оброк и стипендиите. Но, во меѓувреме од МОН соопштија дека средствата се префрлени, а на учениците им порачаа дека нема потреба од протести и бојкот на наставата.

-Ученичкиот и студентскиот стандард постојано растат, а младите се активни учесници во креирањето на политиките кои ги засегаат. Иницијативи за протести и отсуства од настава не се потребни, бидејќи тоа е сосема спротивно од заложбите за задоволување на најдобрите интереси на младите.-МОН.

Пред два дена дел од матурантите излегоа на протест на кој побараа да се намали материјалот за полагање или да се изостави еден од двата интерни предмети.

Првиот екстерен испит по мајчин јазик е закажан за 27 мај а вториот, за кој учениците ќе бираат помеѓу математика, англиски јазик, француски, германски, руски, филозофија или естетика ќе се полага на 10 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…

Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…

Во Хрватска, особено во планинските предели на…