Каде се парите? Во Министерството за животна средина недостасуваат 645 илјади евра

t

Во буџетот на Министерството за животна средина недостасуваат 645 илјади евра, објасни денеска новата министерка за животна средина Каја Шукова. Овие средства недостигаат бидејќи дел од компаниите кои аплицирале за интегрирани А дозволи, не ги извршиле плаќањата. Министерката вели дека во новиот Закон за индустриски емисии е предвидено сè додека операторот навреме не го исплати годишниот надоместок, ќе нема дозвола и ќе мора да престане со работа.

Како што изјави денеска министерката, во текот на нејзиниот мандат фокусот ќе биде ставен на управувањето со отпад. Таа најави дека најдоцна за еден месец ќе биде распишан тендер за набавка на околу 7 илјади контејнери за селекција на отпад кои ќе бидат дистрибуирани до сите општини низ државата. Контејнерите ќе се набават со средства од продажбата на биоразградливи најлонски ќеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Недела – неработен ден: Државниот инспекторат за…

ржавниот инспекторат за труд (ДИТ) најави дека…