(Видео) Објавена оригиналната снимка: Еве како беше срушен американскиот „Рипер“ над Црното Море

t

САД ја обвинија Русија за несовесно однесување откако американски дрон се урна во Црното Море по средба со руски борбени авиони.

Пред судирот, се вели дека руските авиони исфрлиле гориво на патеката на дронот за кој САД велат дека бил во меѓународниот воздушен простор.

Оштетениот дрон Рипер беше соборен од САД откако стана „нелетачки“, соопшти Пентагон.

Русија демантираше дека нејзините два борбени авиони Су-27 имале било каков контакт.

Клучното прашање е дали средбата беше само обид на Русија да го попречи американското беспилотно летало и неговата работа – или дали тоа беше намерен обид да се собори.

Американските воени претставници изјавија дека инцидентот се случил околу 07,03 часот по средноевропско време во вторникот и дека конфронтацијата траела околу 30-40 минути.

Неколку пати пред судирот, борбените авиони испуштале гориво на дронот на „несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“, се вели во соопштението.

Портпаролот на Пентагон, генералот, Пат Рајдер, им рече на новинарите дека дронот „не можеше да лета и не можеше да се контролира, така што го соборивме“, додавајќи дека судирот најверојатно го оштетил и рускиот авион.

Тој рече дека авионите можеле да слетаат по инцидентот.

Беспилотните летала Reaper се авиони за набљудување со распон на крилата од 20 метри.

Рајдер рече дека според неговите сознанија Русите не го пронашле дронот.

Џон Кирби од Советот за национална безбедност на Соединетите Држави изјави за Си-Ен-Ен: „Без да навлегувам во премногу детали, она што можам да го кажам е дека презедовме чекори за заштита на нашиот имот во однос на тој конкретен дрон“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека дронот се урнал по „остар маневар“ и дека летал со исклучени транспондери. Транспондерите се комуникациски уреди кои овозможуваат следење на авионот.

Професорот Мајкл Кларк, визитинг професор по воени студии на Кралскиот колеџ, изјави за Би-Би-Си дека судирот бил „речиси сигурно несреќен случај“.

Тој рече: „Не верувам дека кој било пилот би можел намерно да го стори тоа [само да се судри со пропелерот на друг авион] без сериозно да го загрози својот авион и сопствениот живот“.

Инцидентот го истакнува зголемениот ризик од директна конфронтација меѓу Русија и САД поради војната во Украина.

Во знак на протест против потегот, САД го повикаа рускиот амбасадор Анатолиј Антонов во Вашингтон.

По состанокот, руските државни медиуми го цитираа Антонов дека Москва го смета инцидентот со беспилотното летало како „провокација“ и дека

„неприфатливата активност на американската војска во непосредна близина на нашите граници е причина за загриженост“.

Тензиите се зголемија околу Црното Море од руската анексија на Крим во 2014 година.

Од целосната инвазија на Русија на Украина, САД и Обединетото Кралство ги засилија летовите за извидување и надзор, иако секогаш работат во меѓународниот воздушен простор.

Според САД, имало „шема на опасни дејствија од страна на руските пилоти“ во интеракција со сојузничките авиони во регионот.

Ова значи дека соборувањето на дронот би можело да биде резултат на грешка на руски пилот кој премногу се доближил додека го „зумирале“ дронот.

Но, ако ова беше намерен напад врз американски авион од руски воен авион, тогаш аналитичарите велат дека тоа би претставувало огромна провокација и значителна ескалација.

Во тој случај, нападот би се сметал за обид на Кремљ да го тестира одговорот на САД.

Западните сојузници работеа напорно за да ја спречат војната во Украина да ескалира во директна конфронтација со Русија. Но, овој инцидент над Црното Море е токму тоа. САД сега ќе треба да го проценат својот одговор.

Како што предупредија американските воени команданти во нивната изјава, ова е опасен чин кој „може да доведе до погрешна пресметка и ненамерна ескалација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…