Објавено на:

Над 40.000 Грци повторно на улиците: „Нема да застанеме додека не се казнат виновниците”

t

Повеќе од две недели од страшната железничка несреќа во која загинаа 57 лица, повеќе од 40.000 Грци повторно излегоа на улиците денеска за да го изразат својот гнев поради трагедијата, при што генералниот штрајк парализираше голем дел од земјата.

По големите протести во Атина на 8 март на кои се собраа 40.000 луѓе, полицијата проценува дека денеска во центарот на градот протестираат околу 25.000 луѓе.

Демонстрантите го истурија својот гнев пред седиштето на железничката компанија Hellenic Train, како што направија три дена по верижниот судир меѓу патнички и товарен воз во централниот грчки регион Темпи на 28 февруари. Во патничкиот воз на линијата Атина-Солун имало повеќе од 350 луѓе, главно студенти.

Собрани пред седиштето на компанијата, демонстрантите скандираа „убијци“, „убијци“.

Во Солун, од каде што потекнуваат повеќето жртви, денеска на улиците излегоа 8.500 луѓе.

„Ќе останеме на улица додека не бидат казнети виновниците за несреќата“, изјави студентката по филозофија Зои Константиниду, додавајќи дека „ним не им е грижа за нашите животи“.

Демонстрантите се одзваа на повикот за 24-часовен штрајк на синдикатите во јавниот сектор, на кој за првпат одговорија и најголемите синдикати од приватниот сектор.

Демонстрантите ја обвинуваат конзервативната влада и политичкиот систем во земјата дека ги игнорираат повторените повици од синдикатите за неисправните системи за безбедност на железницата.

„Нема да дозволиме недостигот на транспарентност, прикривање, одрекување од одговорност и какво било доцнење да доведат до заборав“, најавуваат од синдикатот ГСЕЕ.

Поради 24-часовниот штрајк, појдовните и дојдовните летови беа прекинати, а бродовите и траектите останаа закотвени во пристаништата. Затворени се бројни јавни служби и државни училишта, а имаше и прекини во јавниот превоз.

Премиерот Киријакос Мицотакис, чиј мандат завршува во јули и се очекува да распише избори до мај, се извини за несреќата и вети дека ќе вработи повеќе персонал и ќе го поправи оптоварениот железнички сектор со поддршка од Европската унија.

Тој, исто така, ги повика демонстрантите да не дозволат гневот да го подели општеството. На големите протести низ земјата на 8 март, кога се собраа над 60.000 луѓе, многумина го повикаа Мицотакис да поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција остварила 16,5% повеќе приходи од туризам

Грција остварила над 16 отсто повеќе приходи…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Двајца Срби, членови на бандата Пинк Пантер…

Полициски службеници од грчкиот Оддел за гонење…

Грчкиот МНР: Грција нема да гласа за…

Грција следниот месец ќе се воздржи од…