Војната продолжува: Црвена Звезда поднесе кривична пријава против Лесор
Црвена Звезда соопшти дека поднеле кривична пријава против кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор кој со боксови го нападна Филип Петрушев на дербито во АБА-лигата.
Лесор го удри Петрушев по крајот на натпреварот, по што Црвена Звезда реши да преземе чекори против кошаркарот на Партизан.
„Ве известуваме дека на 16 март 2023 година официјално поднесовме кривична пријава против Лесор за насилничко однесување и тепање на Петрушев. Детално ќе ја информираме јавноста за следните чекори затоа што сакаме да покажеме дека како тим правиме сè што е во наша моќ за да спречиме вакви инциденти“, соопштија од клубот.
Пријава против Лесор претходно поднесе и нападнатиот кошаркар на Ц. Звезда, а според медиумите, Французинот го чека голема парична казна и суспензија од неколку натпревари.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…
„Ти си ми златна и бисерна, малечка…
На денешен ден, 20 октомври, во 1915…
Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…
Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…
Хегсет бил во Израел на необјавена средба…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вчера…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…