Ковачевски за ТВ Сител: Евроинтеграциите не може да се предмет на дневна политика
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во интервју за Тема на денот во Дневникот на ТВ Сител рече дека од обврските што земјата ги има кон Европската Унија во интеграцискиот процес не може и не смее да се прави дневна политика и да бидат предмет на уцена.
„Целосно зачленување во Европската Унија на нашата држава како и секоја друга држава, треба да донесе одредени одлуки кој што се однесуваат на исполнување на критериумите предвидени од ЕУ како и обврските од преговарачката рамка, која што е усвоена со заклучоци од страна на македонското собрание со мнозинство гласови.
Од тие обврски не може да се прави дневна политика, бидејќи ние и до крајот на зачленувањето ќе имаме уште одлуки кој што ќе треба да се носат со две третини во Собранието, реформи на јавната администрација, реформа на децентрализација, реформа на судскиот систем, реформа на обвинителскиот систем тоа се реформи кој се носат со две третини, тие двотретински реформи не можат да бидат предмет на уцена, тие се предмет на стратешка определба на државата исто како што биле и во други држави кој што пристапувале во ЕУ“, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека само треба да се погледне на пример какви одлуки Хрватска носеше за да влезе во ЕУ, потенцирајќи дека тие не беа предмет на дневна политика како што дел од нашите опозициони парти односно, опозиционите партии сакат да ги направат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…
Нова штета на преминот вреден стотици илјади…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…