Бугарија: Македонија ограничува основни човекови права и слободи
Министерството за надворешни работи на Бугарија “со зголемена загриженост ги следи случувањата во Македонија поврзани со обидите за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата”, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.
Вчера Комисијата за употреба на лични имиња даде негативно мислење за употребата на името на Иван Михаилов од страна на бугарскиот клуб во Битола.
Истовремено, Централниот регистар соопшти дека донел решение со кое е одбиено барањето за помирување за името на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид.
Бугарија смета дека Македонија со ваквите одлуки ги ограничува основните човекови права, меѓутоа не кажува ништо за ограничувањето на правата на малцинствата во Бугарија, меѓу кои и Македонците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…