Вучиќ: Како што гледаме, Србија сочинува повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика граѓаните на неговата земја да му веруваат на државниот врв и порача дека ќе се потруди да го зачува мирот и да тргне кон патот на нормализацијата, чувајќи ги виталните државни и национални интереси.
„Не мора утре да гласаат за мене, само барам да веруваат во посветеноста, мудроста, сериозноста и патриотизмот на нивниот државен врв, знам што правам, знам што правиме. Други гаранции немаме, некој мора да преговара. И никогаш нема да признаам ништо тајно. Знам што не смееме да изгубиме, а знам што мораме да зачуваме“, изјави Вучиќ, пренесува N1.
Тој рече дека денес на Србија отпаѓа повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан.
„До пред неколку години Србија беше само 39 до 40 отсто од вкупната економија на Западен Балкан. Денес Србија е Србија. Како што гледаме, повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан“, вели претседателот на Србија.
Тој праша дали некој од него сака „да влезе во војна со НАТО“.
„Со растот на српската економија, тоа е она со што можеме да соработуваме со сите и тоа е она со што можеме да победуваме“, рече тој.
„Мораме да ја донесеме нашата мала земја, овој наш мал брод, на мирно пристаниште, притоа да го заштитиме тој брод, нашите национални интереси во метафорична смисла… И ќе бидат многу работи што ќе ги направиме, ако Албанците прифатат да формираат Заедница на српски општини, а мислам дека нема, ќе има работи што не се лесни за нас. И нема да кријам ништо од тие работи од луѓето. Но резултатот на крајот ќе биде добар за нашата земја“, рече Вучиќ.
Тој ги коментираше шпекулациите дека ќе ја остави српската премиерка Ана Брнабиќ да потпише евентуален договор со Приштина.
„Кога ќе слушнете такво нешто од некого, слободно кажете му во лице дека е лажго… Кога некој ќе потпише нешто, јас ќе потпишам, а не планирам да потпишам ништо. Јас не викам „јуриш“ и се надевам дека никогаш нема да кажам „следете ме, јунаци“, рече Вучиќ.
Вучиќ рече и дека Србија има своја политика.
„И Србија се држи до својата политика. Да, Србија е на европскиот пат, не може лесно да опстане ако не е на европскиот пат. Но, ние не се согласуваме за се, не мора ни да се согласуваме“, рече Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…