Дипломатска офанзива на ЕУ во Македонија: Членство во ЕУ до 2030 година е реална цел, вели словенечката амбасадорка
Словенија интензивно ја поддржува Македонија во процесот на евроинтегрирање. Сметаме дека е реална и остварлива цел пристапување на земјата во ЕУ до 2030 година, рече денеска словенечката в.д. амбасадорка Татјана Ковачич.
Во изјава за медиумите пред настанот „Враќање и задржување на домашниот млад високообразован кадар од Република Словенија во Република Македонија…И КАКО“ што се одржува во Стопанската комора, Ковачич потсети дека денес е точно 31 година откако двете држави, како независни, воспоставија дипломатски односи.
-Три децении, традиционално, не поврзуваат партнерски односи, искрено пријателство и интензивна соработка во различни сфери. Словенија во континуитет и дава поддршка на Македонија и на политички и на технички план. Целта за членство во НАТО беше остварена со словенечка поддршка, а минатото лето, по 17 години кандидатски статус, земјата конечно ги почна пристапните преговори, истакна в.д. амбасадорката.
Се зајакнуваат, додаде, и економското партнерство и соработка.
-Лани трговската размена изнесуваше околу половина милијарда евра. Македонија за словенечките инвеститори е интересен пазар и вредноста на вложувањата секоја година расте. Се уште остануваат отворени можности и потенцијали за подобрување на соработката. Македонија за Словенија е една од приоритетните држави на подрачјето на развој на соработка. Од 2010 до денеска Словенија на Македонија и обезбеди развојна помош во вкупно 30,7 милиони евра, потенцира Ковачич.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Словенија откриена најголема нелегална фабрика за…
Во индустриската зона Тримлини во близина на…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…