Борел: ЕУ ќе обезбеди 9 милиони евра за опрема за Армијата на Македонија

t

„Ќе обезбедиме девет милиони евра поддршка од Европскиот инструмент за мир за надградување на опремата на вооружените сили на Македонија“ истакна високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел на прес конференцијата по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација.

Тој додаде дека е задоволен и благодарен што Македонија покажа јасна и неотповиклива поддршка за надворешната политика на ЕУ и конзистентно хармонизирање со позициите и одлуките на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија.

„Ја цениме и важната помош што Македонија ѝ ја обезбеди на Украина. Македонија ги изрази своите стратешки избори на тој начин и има вистинско европско однесување, рефлектирајќи ги нашите принципи и вредности“ рече Борел.

Тој додаде дека Македонија и во претседавањето со ОБСЕ ги брани европските вредности, со што покажува дека е добар партнер за ЕУ.

„Во исто време, оваа позиција ве прави мета на акции на непријателски дејности, на оние кои се противат на меѓународните принципи. Затоа сме посветени да ја изградиме вашата отпорност“ рече Борел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…

Македонците кои живеаат во соседните држави, како…