(Видео) Горан Пандев доби награда за спортска легенда на „Златна Бубамара“
Името на Горан Пандев ќе остане запаметено во фудбалската историја на Македонија. Освен што во моментов струмичанецот е рекордер по бројот на настапи и голови во репрезентацијата, тој е и првиот капитен кој го одведе националниот тим на еден голем собир. Пандев долги години беше дел од репрезентацијата, мина низ сè и сешто, од срамни порази, до славни победи, па кариерата ја заврши како што му доликува, со настап на Европското првенство и првиот гол на Македонија на турнирот.
Низ животот, струмичката ѕвезда доби многу признанија и награди во спортот, а сега доби и едно надвор од него. Имено, на традиционалната „Златна Бубамара на популарноста“, оваа година организаторите му оддадоа чест на Пандев. Тој го доби признанието за спортска легенда и присуствуваше на настанот во Скопје. За Пандев беше подготвена интересна најава, во видот на песна изведена од легендарниот Игор Џамбазов.
Најавата за наградата на Пандев:
По доделувањето на наградата, македонската фудбалска легенда се обрати на публиката и кажа збор-два.
Обраќањето на Горан Пандев на церемонијата во Скопје:
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја поврза војната во Иран со…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…
Иран тврди дека два танкера налетале на…
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени…
ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…
Првичните резултати на Државната изборна комисија од…
Нови протести во Париз пред обраќањето на…
По мирното утро, улиците на Париз повторно…
Немирите се шират низ Италија, малолетници се…
Мирните протести во Италија против високите трошоци…