Објавено на:

Го предупредила неколку дена пред атенатот: Kaрла дел Понте знаела дека Ѓинѓиќ ќе биде убиен

t

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, непосредно пред атентатот во 2003 година го предупреди поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ дека е во опасност! Таа дури му дала список на луѓе кои работеле на неговото убиство.

-Го предупредив Зоран Ѓинѓиќ да внимава. Му дадов интерен извештај на Судот – два листа – во кој се зборува за планирање на неговото убиство. Документот го составиле луѓе кои биле „мои уши и очи“ во Белград. Имаше и список на луѓе кои работеле на неговото убиство.

„Знам за ова“, реkол Зоран смеејќи се.

„Тие не сакаат да правам реформи. Но, не паничете, ќе бидам внимателен“.

„Слушај“, му реков, „не го потценувај. Треба сериозно да ги сфатиш тие закани. Искуството ми кажува дека никогаш не може да се биде сигурен. Многу работи може да се измислат, но во сите може да има вистина. .

Меѓутоа, на 12 март 2003 година, неколку минути по пладне, во куќа спроти зградата на српската Влада, две раце ја вперија цевката од снајперската пушка во ‘рбетот на Зоран Ѓинѓиќ, а едниот прст го повлече чкрапалото… – Карла дел Понте еднаш. напиша во своите мемоари „Госпоѓата обвинителка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…