(ВИДЕО) И Вучиќ пристигна во Охрид

t

Премиерот Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Вучиќ – Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Посакувајќи му добредојде и успешни разговори на претседателот Вучиќ во Охрид, премиерот Ковачевски ја потврди важноста која Република Македонија ја придава на одржувањето на овој состанок на високо ниво.

Премиерот Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот. Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Преку решителни чекори Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи.

Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите. Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…