Средба Пендаровски – Ескобар: Билатералните односи се одвиваат со одлична динамика
Pретседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави.
Од Кабинетот на Претседателот соопштија дека на средбата соговорниците се согласиле дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика како потврда за долготрајното македонско-американско партнерство и пријателство.
Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, шефот на државата информирал и за одвивањето на скрининг процесот и следните чекори кои треба да бидат преземени за напредок во евроинтегративниот процес.
На средбата се разговарало и за актуелните состојби во регионот, во светло на состанокот на високо ниво од дијалогот помеѓу Белград и Приштина на кој учествуваат претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Косово Албин Курти, а кој се одржува во Охрид под покровителство на Европската Унија.
„Во таа насока претседателот Пендаровски истакна дека одржувањето на преговорите во Охрид е признание за нашата земја, која во изминатите години направи повеќе компромиси за одржување на долготрајната стабилност, европската и евроатлантска интеграција, демонстрирајќи дека може да функционира како вистинска мултиетничка демократија. Тој додаде дека прашањето на дијалогот Белград-Приштина е исклучително важно регионално прашање чиешто решавање може да помогне за трајна стабилизација на регионот и негова побрза европска и евроатлантска интеграција“, се вели во соопштението од Кабинетот на Претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Иран го нападна Бахреин
Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања…
„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…
Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…