Пекол во Аргентина: Поради топлотниот удар на учениците им е дозволено да одат на училиште во костими за капење
Поради топлотниот удар што зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во градот Росарио донело необична одлука: учениците од пониските одделенија можат да доаѓаат на училиште во костими за капење и да се прскаат со вода за време на одмор, објавија локалните медиуми.
Топлотен бран веќе две недели ја зафаќа провинцијата Буенос Аирес и уште неколку провинции на северот на Аргентина, соборувајќи ги температурните рекорди.
Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аргентина очекува инфлација од над 95%
Економистите ја зголемија својата прогноза за годишната…
Обид за убиство на аргентинската потпретседателка: Маж…
Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше…
Осум членови од медицинскиот тим на суд…
По обвинение за убиство од небрежност, во…
Силен земјотрес ја погоди Аргентина
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според…