Кој ќе “лапне” станче? Муцунски ќе му гради паркинг на инвеститор кој гради зграда во Аеродром

t

Тимчо Муцунски ќе биде запаметен како градоначалник со најлоша инвестиција која некогаш била направена во општина Аеродром, велат од Левица.

– Парцелата за која беше објавено дека Општина Аеродром започна со градежни активности за изградба на паркинг простор кај Мајчин дом, беше во сопственост на ЗФС, парцела на која требаше самиот инвеститор да изгради паркинг простор за возилата сопственици на станови во таа зграда.

Зошто Општината влезе во таква непотребна инвестиција од вртоглави 330.000 евра + 50.000 евра за изградба на паркинг, кога самиот инвеститор требаше да го направи паркингот околу зградата.

Се прашуваме, дали можеби станува збор, за нов начин на исплата на станови на луѓе блиски до сегашниот или претходниот градоначалник.

Инаку, договорот за купопродажба е направен од времето кога градоначалник беше Златко Марин, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…

Не постои ниту еден тип на имунитет…

Пронајден починат маж во напуштена куќа во…

На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…