Молотов коктел фрлен врз црква во Бугарија
Груб напад врз црква во Варна. Маж фрли молотов коктел на фасадата на црквата Свети Прокопиј Варна. За среќа нема повредени, но вандализмот предизвика бран остри реакции во Бугарија.
Вандализмот бил извршен во 02 часот по полноќ, а камерата на продавница до храмот снимила што е направено. Соседите веднаш повикале полиција.
„Веднаш реагиравме, извршен е увид на местото на несреќата. Поведена е претистражна постапка под итни услови и во моментов се трага по можниот сторител“, објасни вишиот комесар Атанас Михов, директор на Управата за внатрешни работи на МВР-Варна.
Мотивите на делото се уште остануваат нејасни, но за влакно се избегнаа посериозни последици, бидејќи шишето со запалива течност не завршило во зградата на црквата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…