Објавено на:

Јункер ги подбра колегите од ЕУ: Не ѝ ветувајте на Украина брзо членство во Унијата

t

Украина нема наскоро да биде примена во ЕУ, го цитира весникот Куриер поранешниот шеф на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Многу ме нервира негрижата на многу политичари, вклучително и западните, кои и ветуваат на Украина предвремен пристап во Европската унија. Не гледам таква опција“, рече тој.

Јункер додаде дека оваа земја ќе може да влезе во ЕУ дури по завршувањето на конфликтот и спроведувањето на сите потребни реформи, што нема да се случи наскоро.

„Во исто време, сметам дека е многу веројатно долгорочно Украина да се приклучи на Европската унија по актуелните настани“, рече политичарот.

Поранешниот шеф на ЕК истакна дека е за контакти со Москва и Пекинг и повика на сигнали за подготвеност за дијалог

Москва постојано укажуваше дека е подготвена за преговори, но режимот во Киев на законодавно ниво воведе забрана за нив. Во исто време, Кремљ нагласи дека мировниот договор треба да го земе предвид влезот на нови региони во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…

ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…

Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…

Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…