Шоу на Сака за победа на Арсенал, топчиите со +8 бода одат на пауза
Арсенал со 4-1 го победи Кристал Палас, Сака со два гола и асистенција беше клучниот играч во триумфот, точиите на репрезентативната пауза ќе имаат осум бода повеќе од Манчестер Сити.
Арсенал запиша три нови бода во Премиерлигата, овојпат со триумф над градскиот ривал Кристал Палас.
Резултатот го отвори Мартинели во 28. минута кој погоди по асистенција на Сака. Пред крајот на првиот дел Сака и самиот се запиша во листата на стрелците за предност на Арсенал од 2-0.
По десет минути игра во второто полувреме Џака реализираше за предност од 3-0, но само осум минути подоцна Шлуп даде гол и намали на 3-1.
Сепак и најмалата надеж за Кристал Палас ја сруши Сака во 74. минута со својот втор гол на мечот поставувајќи ги конечните 4-1.
По овој триумф Арсенал има осум бода повеќе од Манчестер Сити кој имаше обврска во ФА Купот овој викенд па има натпревар помалку.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…