Владата утре ќе одлучува за ново замрзнување на цените, еве за кои производи се работи

t

Утре ќе се одлучува дали ќе се замрзнат цените на јајцата, шеќерот и оризот. Анализите за овие производи се готови и во понеделник ќе се разгледуваат на седница во Владата. Надлежните засега не откриваат дали и колкав простор постои за корекција на овие цени.

Граѓаните сметаат дека мерките се задоцнети. Велат дека растот на платите и пензиите не е доволен за да ги покријат високите трошоци. Очекуваат дополнително поевтинување и на другите основни продукти.

Од друга страна, пазарните инспектори и викендов проверуваат дали се почитува одлуката за замрзнати цени на лебот, тестенините и млечните производи. За два дена направиле над 250 конторли ширум државата. „Уловиле“ само 4 маркети.

„Еден економски субјект во Охрид за непочитување на одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот и три економски субјекти за непочитување на одлуката за намалување на цената на млечните производи и тестенините, од кои еден во Охрид, Кичево и Битола. Сумата за овие четири економски субјкети за кои се издадени платни налози е 1.120.000 денари“, изјави Горан Трајковски, директор на ДПИ.

Трајковски тврди дека инспекторатот нема надлежност да ги казни фирмите кои користеа субвенционирана струја и не ги намалија цените на производите, иако три месеца плаќаа петпати поевтина струја од берзанската.

Токму затоа Владата прво ја замрзна цената на лебот на 33 денари, а потоа ги намали цените на тестенините за 15%, а на млечните производи за 10. Ваквите цени ќе важат до крајот на мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во прилепско: Маж пронајден мртов со…

68-годишен маж од прилепското село Беровци е…

Што значи прогласување епидемија

Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено…

Водата во Скопје е безбедна за пиење,…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро…

(Видео) Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е чиста,…

Ешерихија коли или било која друга бактерија…

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го…

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по…