Затекнати малолетници по полноќ во угостителски објект во Битола
Полициски службеници затекнале тројца малолетници по полноќ во угостителски објект во Битола. Полицијата ги предала на родителите, а против угостителот ќе следува пријава.
МВР информира дека ноќеска, во 01.10 часот, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при битолското СВР била извршена контрола во угостителски објекти на подрачјето на Битола.
– За време на контролата, во објект лоциран на улица „Климент Охридски“ биле затекнати тројца малолетници. Тие се предадени на родителите, а по документирање на случајот против угостителот ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…
Нова штета на преминот вреден стотици илјади…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…