Кекеновски за уставобранителите: Трет пат ги „убија“ – дел од тие кои го поднесоа предлогот како глувци побегнаа од гласање
ГИ ,,УБИЈА” ПО ТРЕТ ПАТ.
Иницијативата за донесување на Законот за амнестија на скопските адвокатите Ј.М и Д.П во Собранието на РМ ја поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од тие кои го поднесоа предлогот и кои беа најгласни за слобода на затворените сега не гласаа. Побегнаа односно не дојдоа на гласање.
По трет пат осуммина ги убија ,,своите” – оние кои ги донесоа на тие позиции. Прв пат овие луѓе беа убиени кога нивните поранешни партиски шефови ги наместија да влезат во Собранието, втор пат кога ги осудија и сега по трет пат кога им ги срушија сите надежи.
А кога партиските шефови собираа политички поени на нивен грб тогаш им ветуваа се и сешто. Се топореа пред камерите, пишуваа постови, вени сечеа за нив. Ронеа лажни солзи на секое нивно споменување. Но, кога требаше да го реализираат ветеното и кажаното побегнаа. Се скрија како глувци во дупка.
И треба ли сега нешто повеќе да се каже за овие гнаси кои си играат со судбината на луѓето и нивните семејства.
Во Македонија сė е во знакот на бројот 8.
Осуммина функционери на МВР (поранешно РСВР) се суспендирани во 90-тите години на минатиот век. Врз нив е извршена брутална политичка репресија.
Осуммина пратеници гласаа за промена на името на државата и за уставните промени во 2019 година.
Осуммина вработени во МВР беа осудени за издавање лажни возачки дозволи во 2021 година.
Сега во 2023 година повторно осуммина не гласаа за Предлог Законот за амнестија.
Судбинска 8. И денот на независноста е на 8.
(фејсбук статус на Јове Кекеновски)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…
Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…
Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…