Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство

t

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н.Л.С. од Скопје и М.Н.(41) од Штип.

На автопатот Скопје – Штип, кај клучка Југ-Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.С, во кое сопатник бил М.Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи.

Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с.Стањевце, светиниколско.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…

Мицкоски: Владата е избрана со мандат од…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување…

Голем удар врз руската технологија: Дронови погодиле…

Војната меѓу Русија и Украина влезе во…

Мицкоски со порака од Брвеница: Ако се…

„Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме…