(Видео) Груби пред ТВ камера прашува луѓе дали „за уши“ се доведени на митингот во Чаир: Ви прави ли некој притисок?

t

Првиот вицепремиер Артан Груби пред телевизиска камера прашуваше луѓе дали им бил правен притисок за да дојдат на вечерашниот митинг во Чаир.

Тој ова го направи додека даваше изјава во живо на вестите на ТВ Телма кога новинарката го праша „Дали е вистина дека со притисоци врз администрацијата ќе носите луѓе од сите градови“.

По прашањето, Груби повика двајца партиски поддржувачи пред камерата и ги праша: „Ви прави ли некој притисок за да дојдете тука“.

Откако тие одговорија со „не“, тој рече дека тврдењето за притисоци е апсурдно.

„Ние немаме администрација, државната администрација е многу мала, општината има администрација. Значи, школите, амбулантите, градинките, општинските администрации кои се огромни. Ние немаме“, рече Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета на ИРИ: Западен Балкан го губи…

Земјите од Западен Балкан се строго поделени…

(Видео) Тага, солзи и цвеќиња за помен:…

Форумот што денеска се одржува во Ташмајдан…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

(Видео) Обраќање на претседателот на Левица, Димитар…

Проф. Димитар Апасиев на политичките опоненти им…

Српската политичарка им предложи на жените да…

Ана Гроздановиќ, член на Главниот одбор на…