Чекаме работници од Непал, Бангладеш и Пакистан!

t

Најмалку 3 македонски агенции се во преговори за увоз на работна сила од странство. Ангел Димитров од Организацијата на работодвачи во интервју за МИА, вели дека тоа е веќе востановена пракса во Хрватска и Бугарија, каде компаниите градат и интернати за претстој на работниците, кои во главно доаѓаат од земјите на средниот и далечниот исток.

– Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е три пати поголема. Имаат исто така и многу полоши услови за живеење и работење-изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Конкретно, Димитров добил понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.

– Ако тоа не го направиме, со селењето на младите надвор, ние ќе останеме без работници, економијата полека ќе пропаѓа, а буџетот ќе остане без пари. Значи, државата уште сега треба да се подготви, ако тоа не се направи, да се намали и број на пратеници во Парламент и број на министри во Влада и број на вработени во јавна администрација, бидејќи ќе нема пари за сите- додаде Димитров

Димитров смета дека е потребна либерализација на пазарот на труд, а правата од Законот за работни односи да важат подеднакво и за домашните и за работниците од странство.

– Мислам дека Македонија не е држава, како некои арапски држави, каде што странците ќе работат по 20 часа, ќе немаат никакви права и ќе се третираат како граѓани од втор ред- изјави Димитров

За запирање на иселувањето пак, мора да се реформира структурата на образованието и стопанството, да се деполитизира општеството и да нема селективна примена на законите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Истанбул: Се урнаа три ката…

Најмалку две лица загинаа откако утрово делумно…

Украина нападна руска рафинерија на 2.500 километри…

Неколку часа по рускиот напад врз Краматорск,…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Околу 1.000 нови случаи на рак на…

Затворена истрагата за упадот во Кабинетот на…

Не се пронајдени дигитални траги ниту други…

Муцунски по средбата во Софија: Позициите се…

Позициите на Македонија и Бугарија во однос…