УЧЕНИЦИТЕ ОД СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ” ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ
Четириесетина ученици од СУГС „Орце Николов” денеска го одбележаа 21 Март – Денот на пролетта, со посета на Центарот за селекција на отпадот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, лоциран во општината Карпош.

На учениците им беше објаснета функционалноста на Центарот во целост и беа едуцирани дека својот кабаст отпад и отпадот од електронска опрема не смеат да ги одлагаат ниту во контејнерите ниту на јавните површини, затоа што на тој начин ја загадуваат животната околина.

„Денот на пролетта го одбележавме во Центарот за селекција на отпадот заедно со средношколците од СУГС „Орце Николов”, коишто денеска научија колкаво е значењето на примарната селекција на комуналниот отпад и имаа можност да видат како се одвива процесот на машинско балирање на отпадот од стакло, хартија и пет-амбалажа. Воедно, ги информиравме овие млади луѓе дека ЈП Комунална хигиена-Скопје им ја нуди можноста својот стар мебел, како и отпадот од електричната и електронската опрема, сосема бесплатно да ги одложат во нашите центри за селекција на отпадот лоцирани во Карпош и во Вардариште.”-изјави в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…