ПЕЕШЕ ПРОТИВ ПУТИН ПА ПРОПАДНА ВО ВОЛГА: Почина пејачот Дима Нова, полицијата трага по брат му и по другар му
Бендот „Крем Сода“ каде тој членуваше потврди дека пејачот починал и изјави дека полицијата трага по неговиот брат и по пријателот Гоша Киселев
Пејачот Дмитриј Свиригунов, познат како Дима Нова(34) кој во песна ја прозва наводната вила на рускиот претседател Владимир Путин вредна 1,3 милијарди долари пропадна во мраз минувајќи ја реката Волга и почина, пренесува Сиднеј Морнинг Хералд. Бендот „Крем Сода“ каде тој членуваше потврди дека пејачот починал и изјави дека полицијата трага по неговиот брат и по пријателот Гоша Киселев.
„Синоќа се случи трагедија. Нашиот Дима Нова се движеше покрај Волга со пријател и падна низ мразот. Министерството за вонредни ситуации сè уште трага по неговиот брат Ром и по пријателот Гоша Киселев. Аристарх, нашиот пријател кој исто така падна низ мраз, е пронајден, но нема спас за него. Веднаш штом ќе имаме информација од Министерството за вонредни ситуации ќе ве информираме“, напиша групата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали за сообраќајката во Ласкарци: автомобил удрил…
На автопатот Скопје-Тетово, кај Ласкарци, се случила…
Брачен пар загина во пожар на островот…
Возрасен брачен пар загина во пожарите на…
Македонија официјално потврди присуство на Евровизија 2027…
Македонија и официјално го потврдила своето враќање…
Крај за глувците во лабораториите! Британски научници…
Наместо врз животни, научниците ќе тестираат лекови…
(Видео) „Боинг“ едвај полета во Минхен: За…
Аеродромот во Минхен за малку избегна катастрофа…