Лажна е веста дека пропаднал камион на плоштад, град Скопје со остра реакција

t

Жалиме што на овој начин мораме да реагираме, но мораме да ја констатираме неподготвеноста на одредени медиуми соодветно да ги проверат информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, креирани во партиски кујни, и ги претставуваат како кредибилни.

Вистината, доколку медиумите кои објавија за наводно пропаднат камион на плоштадот „Македонија“ се интересираа, е дека овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту пак пропаднал во фонтаната.

Секој приод кон плоштадот „Македонија“ по последниот инцидент пред прославата за Нова Година кога пропадна комбе на странски државјанин во подземната фонтана, е забранет за возила и физички со поставени столбови е оневозможен.

Фонтаната на плоштадот „Македонија“ е оградена и обележана, и е оневозможен пристап за возила кои би можеле да поминат врз истата (фото во прилог од денешна ситуација).

Бараме сите медиуми кои го паднаа тестот за кредибилитет и објавија лажна вест без да ја проверат да го објават овој демант и објаснување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Криста Пајк ја преживеа егзекуцијата: Се разбуди…

Криста Пајк, осуденичката на смрт во Тенеси…

Нови експлозии во Саудиска Арабија: Аеродромот во…

Неколку силни експлозии одекнаа денеска во саудиската…

Македонски компании на светската сцена: Стотина пријавени…

Околу 100 македонски компании се пријавиле за…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Првите 12 километри од автопатот Прилеп –…

Речиси 200 наставници од 80 училишта обучени…

Речиси 200 наставници од 80 средни училишта…