Столтенберг: Не видовме никакви докази дека Кина и доставува смртоносно оружје на Русија
Не видовме никакви докази дека Кина и доставува смртоносно оружје на Русија, но видовме некои знаци дека тоа е барање на Русија и оти тоа е прашање кое кинеските власти го разгледуваат во Пекинг, рече Столтенберг на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел.
– Кина не треба да обезбедува смртоносна помош за Русија, тоа би значело поддршка на нелегална војна, додаде тој.
Рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг денеска почнаа разговори во Кремљ, на самит специјално посветен на конфликтот во Украина и сè поблиските билатерални односи меѓу Пекинг и Москва. Вчера веќе имаа „неформална“ средба која траеше повеќе од четири часа.
Столтенберг на прес-конференцијата рече и дека седум од 30-те земји на НАТО ја исполниле минатогодишната цел да издвојат два отсто од БДП за одбрана, повикувајќи ги сојузниците побрзо да ги зајакнат одбранбените инвестиции.
Тој не спомна за кои земји станува збор, но ги упати новинарите на годишниот извештај на НАТО, објавен денеска.
– Нема сомнеж дека мораме да направиме повеќе и мораме да го направиме тоа побрзо. Темпото што го имаме кога станува збор за зголемување на трошоците за одбрана не е доволно високо, рече Столтенберг. „Во поопасен свет, мора да инвестираме повеќе во одбраната“, додаде тој.
На самитот во Велс во 2014 година, лидерите на НАТО се согласија дека во рок од десет години ќе трошат најмалку два отсто од својот БДП за одбрана. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонија планира 150 бункери во пограничниот регион…
Естонија планира изградба на околу 150 бункери…
Британците купуваат повеќе вода и тоалетна хартија:…
Продажбата на тоалетна хартија, флаширана вода и…
(Фото) Над старата касарна во Битола откриени…
Дирекцијата за заштита и спасување денес во…
Ракетни системи ја чуваат резиденцијата на Трамп:…
Американските федерални служби поставиле мобилни противвоздушни системи…
Хулио Иглесијас по железничката трагедија во Шпанија:…
Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас се огласи по…