Објавено на:

Речете дека не се држава: Косово формира безбедносно-разузнавачка агенција

t

Владата на Косово на денешната седница го усвои Предлог-законот за Одбранбено-разузнавачко-безбедносна агенција.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека овој предлог закон е основата врз која ќе се гради воената разузнавачка служба, пренесува Бета повикувајќи се на Газета Блиц.

Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај изјави дека овој закон ги дефинира мисијата, организацијата, овластувањата и должностите на Одбранбено-разузнавачко-безбедносната агенција (АМИС).

„АМИС ги спроведува своите активности внатре и надвор од територијата на Република Косово со цел да ја поддржи мисијата на Министерството за одбрана и Косовските безбедносни сили“, рече Мехај.

Тој додаде дека „полето на дејствување се протега и во земјата, но со посебен акцент се занимава со откривање и контрадетекција на заканите кои доаѓаат надвор од државата“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…