Од СДСМ велат Касами е изгубен во просторот
Од владејачката партија СДСМ, денеска реагираа на националистичките изјави на Билал Касами кој го нарече Тетово главен град на Албанците во Македонија.
Од локалниот огранок на СДСМ во Тетово му порачаа на Касами дека „нема ориентација во просторот“.
„Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани, кои се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови. Очекуваме и неговиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ да излезе со осуда на ваквите ставови на нивниот градоначалник“, велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…