(Фото) НОВИ ДЕТАЛИ: Графички приказ на ископаниот тунел во Идризово – еве каде требало да излезат бегалците

t

Дваесет дена го надгледувале тунелот, но никој од затворениците не дошол да продолжи да копа. Доскорешниот директор на затворот Идризово Шпенд Тахири за Телма вели дека наместо пофалба за поткритието добил политички отказ. Но затоа Тахири не може да потврди дали некој од вработените затворски службеници им помагал на осумтемината затвореници во филмскиот план за бегство.

„Дознавме на 15ти февруари дека е ископан тунел. Поставивме контрола и заедно со управата за извршување на санкции приметивме една локација со тазе бетон. Тунелот бил во една просторија каде осудените лица ја користеле за шетање. Постапката е од 01.03 до 17.03, а реализацијата беше на 21.03. Секој ден очекував да ме разрешат, но сепак си продолжував со работа. Тунелот е успех, а разрешувањето е политички реваншизам“, вели Шпенд Тахири поранешен диркетор на КПД „Идризово“

Но затоа познавачите со обвинување кон Тахири. Корупцијата цвета, а затворениците ги користат слабостите на системот, тврди поранешниот директор на управата за извршување на санкции.

„Се повеќе ќе излегуваат состојбите од контрола затоа што и зголемениот број на осудени лица и се помалку професионален кадар кој си ја знае и чесно си ја работи работата. Од друга страна раководниот кадар е се повеќе политизиран“, вели Виктор Цветковски поранешен директор на Управата за извршување на санкции

За ваквото копање на тунелот во затворот Идризово според Цветковски е пропуст, а непрофесионализмот во пониските ешалон е п длежен на корупција.

„Истрагата ќе покаже дали има корупција. Јас очекувам дека можно е да се најдат и сторители и во делот на помаѓањето но секако и во делот на организирањето на самото дејство“, тврди Виктор Цветковски поранешен директор на Управата за извршување на санкции.

Обвинителството мора да даде одговори дали постои некаква вмешаност и корупција кај затворските службеници но и да се испита безбедноста кадешто често се случуваат коруптивни скандали. Најголемиот затвор во земјава пред само месец дена го тресеше скандал откако Беким Мемети повеќекратен убиец потплати четворица полициски службеници и филмски избега од затворот Идризово.

Премиерот Димитар Ковачевски еднаш го бранеше Шпенд Тахири како нов и недокажан кадар а за сега да предложи негова смена.За Тахири ова е политички реваншизам,но за Алтернатива како матична партија на директорот Тахири, неговата смена е казна затоа што Алтернатива не е дел од политиките на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН на Меѓународниот ден на младите: Партнерскиот…

Младите се двигател на општествениот развој, а…

Германски метеоролог со црни прогнози за Европа:…

Климатологот Андреас Јегер предупредува дека овa лето…

На денешен ден пред 36 години свечено…

Пред 36 години, на 12 август 1990…

Трамп: САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Лажен полицаец 18 месеци работел заедно со…

Извештајот на словенечкото Министерство за внатрешни работи…