ДС: Стејт департментот алармира за корупција во која е вклучена Владата, судиите, затворските службеници и други функционери
Стејт департментот на САД во својот најнов извештај за човековите права во Македонија меѓу другото предупредува на корупцијата во која е вклучена Владата, судиите, затворските службеници и други функционери кои ја злоупотребуваат службената положба.
Анализата покажува дека во Македонија и натаму се зголемува корупцијата, дека отсуствува ефикасна и неселективна борба против организираниот криминал, пред се поради високата партизација и политизација на државните институции задолжени за откривање, гонење и пресудување.
Демократскиот сојуз до Собранието достави Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој се предвидува формирање независна Агенција за борба против корупцијата. Меѓутоа, според информациите, пратеничката група на СДСМ добила насоки од раководството на партијата прво да се развлекува ставањето на овој закон на дневен ред, а доколку се стави, да го отстранат од дневен ред со што ќе спречат во парламентот да се отвори расправа.
Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да го поддржат овој законски проект со што ќе се отвори „војна против криминалот“ и ќе започне искоренување на високата корупција која ги кочи евроинтеграцииите и ги разорува државните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…