Објавено на:

НЕ Е ТОЈ ХРАБАР ТУКУ ИДИОТ: Американците бесни дека е награден рускиот пилот кој им собори дрон

t

Не знам за друга војска во светот, друга воздухопловна сила во светот, која би го наградила пилотот за соборување на дрон, изјави Џон Кирби од Белата куќа.

„Во најдобар случај е идиот“ рускиот пилот кој со Су-27 собори американски дрон над Црното Море, смета Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Тој тврди дека видео-доказите се доста убедливи дека пилотот намерно му го скршил пропелерот на дронот MQ-9 Reaper.

– Немам поим зошто би му дале награда за храброст на пилот кој, во најлош случај, злонамерно се изложил себеси и американските средства на голем ризик, а во најдобар случај, е само идиот – изјави Кирби коментирајќи го фактот што и двајцата пилоти Попов и Вавилов добија Орден на храброст од Сергеј Шојгу, рускиот министер за правда.

Еден од нив го собори дронот.

– Не знам за друга војска во светот, друга воздухопловна сила во светот, која би го наградила пилотот за соборување на дрон. Ако тоа е храброст, тогаш претпоставувам дека тие имаат поинаква дефиниција. Тоа е смешно, тоа е навредливо – додаде тој.

Судирот над Црното Море стана прва директна конфронтација меѓу САД и Русија во поново време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…