Објавено на:

Од толку „многу“ Бугари во Македонија само 169 се пријавиле да гласаат на изборите

t

Само 169 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет.

Според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, како Бугари се изјаснија 3.504 лица.

Бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство.

Најголем број пријавени има во Турција – 28.286, во Велика Британија – 3.343, во Германија 3.289 и во Шпанија 1.602.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според…

Над еден милион патници влегле во Грција…

Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица…

Вработен во Итна помош со остар предмет…

Вработен во Итната медицинска помош агресивно се…

ЦУК: Активни три пожари во Македонија

Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно…