Новинар го спореди Ковачевски со лидерот на Северна Кореја, тој му врати дека таму не би можел ни прашање да постави

t

Зачестените обиколки во маркети на премиерот Димитар Ковачевски, со кои тој од прва рака проверува дали се почитуваат владините одлуки за замрзнување на цените на дел од основните продукти, беа повод на денешната прес-конференција во Владата да биде поставено прашањето кој го смислува ваквиот пиар.

Новинарот кој го постави ова прашање, потоа ги спореди ваквите активности на премиерот со слични кои ги правел и претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

„Кој го прави пиарот за замрзнувањето на цените на производите? Мислам дека изминатиот период и првиот човек на Северна Кореја, исто така, се сликаше со некои производи, меѓутоа, колку што знаме, вие сте премиер на Македонија“, рече новинарот и дополнително праша кој производ следно ќе се продава по замрзната цена.

Ковачевски кажа оти ваквата констатација не е во ред, а потоа и тој направи споредба со Северна Кореја и му порача на новинарот оти да бил таму, не би можел ниту да постави прашање.

„Сметам дека воопшто не ви е на место констатацијата во однос на тоа дека претседател на Влада оди да провери какви се цените на производите кои се замрзнати со владина одлука. Нема да одговорам на вашата констатација бидејќи да сте во Северна Кореја, вие нема да можете ни прашање да поставите“, рече Ковачевски во одговорот на новинарското прашање.

Прашан дали Владата ќе носи одлука за замрзнување на уште некој производ и кој би бил тој, Ковачевски одговори дека доколку постои производ што ги исполнува условите тогаш Владата ќе донесе таква одлука, а доколку нема, нема да има ниту одлука за ограничување на неговата цена.

Премиерот Димитар Ковачевски во друштво на министерот за економија Крешник Бектеши и првиот човек на ДПИ, периодов направи обиколка низ маркети за да провери дали се почитуваат владините одлуки за замрзнување на цените на дел од основните производи.

На почетокот на месецов со одлука на Владата беше ограничена цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а Ковачевски беше во еден од скопските маркети и пазареше леб по замрзната цена.

По оваа, Владата донесе одлука за замрзување на цените на тестенините и на млечните производи, по што ремиерот повторно одлучи од прва рака да провери дали цените на овие продукти се намалени.

„Намалени се цените“, рече Ковачевски откако во еден од скопските маркети минатата недела испазари макарони, сирење и урда.

Најнова во низата одлуки за замрзнување на цените на основните продукти е одлуката со која цената на јајцата и оризот е ограничена на нивото на кое била на 15 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…