(Видео) Претставена играта „Каунтер-страјк 2“ – за неполн ден има близу 4 милиони прегледи

t

Компанијата „Валве“ на својот Твитер-профил го претстави „Каунтер-страјк 2“, објавувајќи дека почнува ограничен тест, т.е. пробно играње. Новата видеоигра носи „промени во секој систем, секоја содржина и секој дел од К.С. искуството“, како што вели известувањето на официјалната страница.

Се наведува и дека „Каунтер-страјк 2“ претставува „најголем технички скок напред во историјата на игрите“ и ветува надградби и нови функции. Играта ќе биде достапна на пазарот летово оваа, 2023 година, и тоа целосно бесплатно.

Играта ќе има и нови мапи, подобри визуелни слики, подобрен кориснички интерфејс, подобар звук и многу повеќе. Засега, играњето на новата игра ќе биде ограничено на „Даст II” мапата во режимите „Детмеч“ и „Анренкд конкурент мечмејкинг“, а наредниот период ќе бидат вклучени и други режими, како и нови мапи.

Исто така, тестирањето во мигов е достапно само за „Виндоус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…