Признаваат дека има корупција и притисоци: Судиите сметаат дека извештајот на Стејт департментот за судството е реален

t

Здружението на судии го поздравува Извештајот на Стејт департментот за 2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Република Македонија.

„Нотираните факти во однос на судската независност и самостојност, случаите на несоодветно однесување во судството, несоодветниот политички и деловен притисок врз судиите, долготрајната правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството, што ја попречуваат ефикасноста на судиите и влијае на довербата на јавноста во владеењето на правото, целосно кореспондира со заложбите на Здружението на судиите и заклучоците на VII-та Меѓународна судиска конференција, одржана на 2-3 ноември 2022 година“, се наведува во соопштението од Здружението на судии на Република Македонија (ЗСРСМ).

На Конференцијата која беше одржана во организација на ЗСРСМ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје и CEELI Institute од Прага, учествуваа судии, претседатели на судови и членови на Судскиот совет на РСМ, судии од земји членки на Европската Унија и земји со отворени преговори за полноправно членство.

– Овие заклучоци беа доставени до соодветните национални институции, кои уште еднаш ги повикуваме заедно да работиме на нивната имплементација и нотираните забелешки во Извештајот за 2022 година, со цел обезбедување на соодветни услови за владеење на правото и правната држава, заложби потврдени на XVI – то редовно Собрание на ЗСРСМ, одржано на 21 февруари 2023 година, во донесената Декларација, на која Здружението на судиите укажува дека независноста на судството е неопходна за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа истата треба да биде поддржана во нејзиниот индивидуален и институционален аспект, имајќи го предвид фактот дека различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска држава, само доколку секоја поодделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите што произлегуваат од нивната уставна поставеност, се наведува во соопштението од Здружението на судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите

Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…

(Видео) Фудбалски судија со лакт удри фудбалер…

Премиерлигашите Ливерпул и Арсенал приредија вистински фудбалски…

Признаваат дека има корупција и притисоци: Судиите…

Здружението на судии го поздравува Извештајот на…

Шамар од Стејт департментот за Бугарија: Незаконски…

Акциите на бугарската влада за справување со…