Грчката влада ја продолжува мерката за субвенционирање на струја за домаќинствата и земјоделците
Со 24,4 милиони евра, грчката Влада и во месец април ќе продолжи со субвенциите на сметките за струја за домаќинствата и земјоделците, соопшти утрово министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас.
Субвенцијата, како за домаќинствата, така и за земјоделците е 15 евра за мегават час, а министерот истакна дека во април потрошувачите ќе имаат уште пониски сметки за струја во споредба со март, но и дека поддршката ќе продолжи сè додека трае енергетската криза.
– Тука сме 20 последователни месеци и ефективно ги штитиме домаќинствата и земјоделците од последиците од енергетската криза, бидејќи енергетската криза продолжува, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа онолку долго колку што е потребно, истакна Скрекас.
Паралелно објасни дека во изминатите 20 месеци, Владата издвоила над девет милијарди евра за поддршка на граѓаните, од кои 70 отсто се од оданочувањето на зголемениот профит на компаниите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…