Германската министерка се сретнала и со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Им го цитирала Анте Поповски – “Сама себеси врата – сама себеси клуч”

t

Вчера пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Македонија дошло до ,,војна со стихови” за Бугарите во уставот на средбата меѓу германската министерка за надворешни работи Ана Лена Бербок и шефот на парламентарната комисија за надворешни работи.

Милошоски откри на дека во дипломатската војна биле користени стихови на еден од најдобрите македонски поети Анте Поповски.

,,Имавме корисен разговор, а занимливо беше што секој од нас во поткрепа на своите стојалишта за притисоците од Бугарија, го цитираше големиот македонски поет, академикот Анте Поповски” открива Милошоски.

Германската министерка Бербок со цел да го убеди Милошоски во потребата за уставни промени го употребила стихот: “Сама себеси врата – сама себеси клуч” од стихотворбата ‘Таа’ на Попоски.

Милошоски од својата страна позицијата за бугарските барања ја бранел со стихот:
“Кога правиш подли компромиси – ти оставаш дамки врз своето име засекогаш” од писмото – есеј од Анте Поповски до бугарската поетеса Блага Димитрова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…