Македонија ѝ донира 12 хеликоптери на Украина и купува 8 нови

t

Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува министерката за одбрана Славјанка Петровска, се емитува вечерва (24 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат.

Со министерката за одбрана Славјанка Петровска разговараме за најавата дека Владата е пред одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина и да купи нови – повеќенаменски, кои ќе бидат за потребите на Армијата, но и на цивилната заштита и спасување. Зборуваме за тоа колку е вредноста на досега донираната воената опрема и што значи тоа за релативно слаба економија како македонската. Се знае ли втората НАТО-членка што покрај Грција ќе патролира на нашето небо и кој ќе носи одлука ако треба да се собори непријателско летало? Петровска ја прашуваме и за обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, дека припадници на воената служба за безбедност и разузнавање биле уапсени на Косово поради сомнителни активности и дека таа крие имот во Радишани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…